ФОТО: Акварели на Хитлер продадени за 400.000 евра

Неколку акварели и цртежи на Адолф Хитлер стари, 100 години, минатиот викенд беа продадени за вкупни 400. 000 евра на аукција во Германија.

Меѓу продадените акварели најскапиот труд на Хитлер бил продаден за 100.000 евра наведува аукциската куќа „Вајделр“, а пренесува ДПА.

Овој акварел е продаден за 100.000 евра
Овој акварел е продаден за 100.000 евра

На тој акарел е дворецот Нојшвајнштајн во Баварија, градба на кралот Лудвиг, а чијаштш силуета беше заштитен знак на американското филмско студио „Дизни“.

Продадените дела на Хителр се од периодот од 1904 до 1922 година.

Други дела на Хитлер, понудени на аукцијата
Други дела на Хитлер, понудени на аукцијата

Хитлер сакал да студира на Академијата за уметност во Виена, но бил одбиен поради недостатокот на талент, па сликите ги продавал на туристи.

Експертите велат дека Хитлер навистина немал талент за сликање, а аукциските куќи обично одбиваат да ги продаваат неговите дела.

Во Германија е дозволена продажбата на неговите ликовни дела, докјолкју на нив нема забранети, нацистички симболи.