Рајковиќ пред голем трансфер – Михајловиќ го носи во Милан

Еден од хероите на српската фудбалска репрезентација до 20 години која го освои Светското првенство Предраг Рајковиќ е на мета на калчолигашот Милан.

Новиот тренер на “росонерите” Синиша Михајловиќ инсистирал на трансферот на младиот талентиран голман на Црвена Звезда.

Белградскиот тим бара обештетување од околу 4 милиони евра што Италијанците се подготвени да го платат.

Откако не им успеа да ангажираат суперѕвезди од типот на Златан Ибрахимовиќ, Жефри Кондогбија и Џексон Мартинез, миланезите сега ќе се обидат со поинаква стратегија на трансфер пазарот.