Европската комисија нема да и претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина – ЕК, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка. Ова го изјави денеска портпаролката на Европската Комисија, Мина Андреева.
Комесарот за економски и монетарни прашања на Европската унија Пјер Московиси претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција.
– Се уште има место за преговори меѓу Грција и кредиторите. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер денеска ќе излезе со нови предлози, изјави Московиси за едно француско радио.

Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во Брисел.