Македонскиот интернационалец Денис Махмудов и официјално е нов член на бугарскиот гигант Левски, откако денеска и официјално софискиот клуб го промовираше за засилување.
Махмудов потпиша двегодишен договор со Левски и во Софија и ќе игра со бројот седум, а во Софија доаѓа од Цволе, а во изминатата сезона го носеше дресот на Спарта Ротердам.
Махмудов од поодамна тренира со Левски, а остана запаметен и по изјавите кои беа хит на интернет откако пристигна во бугарската престолнина.