Федералниот национален совет во Обединетите Арапски Емирати донесе одредба со која од новите мајки бара две години да ги дојат своите деца, а мажите можат да ги тужат доколку тоа не го прават, пишува Хафингтон пост.
Судејќи според „The National“ имало маратонска дебата во врска со овој закон, но на крај е одлучено дека право на секое дете е да биде доено.
Истражувањата откриле дека има бројни предности на доењето, од намалување на ризикот од дебелината до подобар развој на моторичките и јазичките способности.
Меѓутоа не се сите нови мајки во состојба да ги дојат своите деца. Во тие случаи, ако жените не можат да ги дојат бебињата поради медицински причини, државата ќе обезбеди посебна сестра, иако се уште не е утврдено за каква (не)способност станува збор.
Членовите на овој совет се обидуваат да ги унапредат правата на вработените мајки, за овој закон да биде што попрактичен, но групите за поддршка веќе ја изразиле својата загриженост.
Имајќи предвид дека доењето во светот е прифатено како најздрава опција за мајките и бебињата, новите мајки се изложени на притисок на доење. Во исто време се ранливи и потребна им е поддршка, а не казни за оние кои не се во состојба тоа да го направат, оценуваат бројни организации.