Поранешниот играч на лондонски Арсенал, а сега на италијанската Рома, Жервињо одигра лошо на крајот од претходната сезона, па клубот реши да го стави на трансфер листа.
Интерес за него постоеше од катарскиот тим Ал Џезира, кој требал да плати 14 милиони евра обештетување и да му обезбеди на фудбалерот годишна плата од 4,5 милиони евра. Катарскиот клуб се согласил на овие услови, но сепак на крајот трансферот пропаднал.
Причините за такво нешто се бизарни. Имено, проблемот настанал кога Жервињо почнал да ги поставува своите улови. Барал приватна плажа, хеликоптер, како и станбени објекти на негово име.
Катарскиот тим не се согласил да му ги исполни овие желби, па Жервињо ќе остане и без оние 4,5 милиони евра по сезона.