Maкедонската асоцијација на новинари преку писмено соопштение денес најостро го осуди нападот врз Јанко Илковски од страна на лицето Саше Ивановски кое, како што се вели во соопштението, лажно се претставува како новинар.
„Новинарите се принудени сами да се штитат од напади, како вербални, така и физички поради насилството кое опозицијата го применува врз нив изминативе месеци. Потсетуваме дека ова не е единствен инцидент што се случил, а е предизвикан од наведеното лице кое за потребите на СДСМ и опозицијата постојано се обидува да создава конфликти и насислство во кои себеси се претставуваат како жртви“, се вели во соопштението.
МАН апелира ваквата пракса на најразлични напади врз новинари веднаш да прекине и побара надлежните институции веднаш да превземат мерки за санкционирање на вакво однесување на поединци познати во јавноста дека предизвикуваат насилство, конфликти, хаос и загрозување на човечки животи.