Солскер убеден дека Заха е новиот Кристијано Роналдо

За разлика од Дејвид Мојес кој не му даде ни најмала шанса за да покаже се што знае, новиот менаџер на Кардиф, Оле Гунар Солскер, после само еден одигран натпревар дојде до заклучок дека позајмениот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Вилфред Заха ќе биде новиот Кристијано Роналдо.

„Заха е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш сум ги гледал во живо. Мислам дека е еден од најдобрите кога е во прашање играта со топка. Многу е брз и многу е храбар. Ми личи на Кристијано Роналдо. Сепак, Заха треба сам да одлучи колку сака да успее во својата кариера, да одлучи колку ќе биде добар. Јас приметив дека многу ја сака фудбалската игра. Може да созрее, може да биде наследник на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо. До сега не сум видел некој фудбалер да работи понапорно од Роналдо”, изјави норвешкиот стручњак.