Научниците знаат кога ќе дојде апокалипсата

Научниците знаат кога ќе дојде апокалипсата

Во последните неколку години постојано читаме за крајот на светот и за апокалиптичните настани кои можат да ни се случат. Од поплави, цунами, вулкански ерупции, до нова ледена ера. Некои, пак, не предупредуваат дека таквиот крај на светот, кој ќе не стигне по природен пат, нема никогаш да го дочекаме бидејќи меѓусобно ќе се уништиме. Војната и нуклеарното оружје ќе го уништат светот и се она што го нарекуваме свет.

Без разлика дали тоа ќе бидат земјотреси, ерупции, топење на ледниците или „малите зелени“, кои според новите теории не можеме да ги наречеме мали зелени бидејќи изгледаат токму како нас, нам ни се неизбежни промени. Како што сме настанале, така и ќе нестанеме. Природата одсекогаш била посилна од човекот и природата секогаш ќе победи, колку ние и да се трудиме.

Како и се друго, животниот век на Земјата и животот на Земјата има свој циклус. Кога ќе дојде до неговиот крај и дали повторно ќе се роди планета како нашата, научниците се обидуваат да откријат со години наназад. Последната студија покажа дека тие се дојдени до сознанија за начинот на завршувањето на постоењето на планетата Земја, пишува „Гардиан“, пренесува МИА.

Се што ни е познато и се околу нас настанало по големата експлозија која ја нарекуваме „големиот прасок“, но тоа што овој пат научниците го откриле е како се ќе заврши.

Опасното вселенско финале го нарекле „големиот расцеп“. Според новиот модел, како вселенета се проширува, апсолутно се, од галаксиите, планетите, атомските честички, се до временскиот континуум, со време ќе биде расцепено пред засекогаш да исчезне.

Научниците напоменуваат дека се уште не е време за паника и дека до таквиот развој на настаните, односно до завршеток на постоењето на нашата планета, воедно и на нас самите, може да дојде дури за 22 милијарди години.

-Теоријата на големиот расцеп објаснува дека со време ќе дојде до кинење на конзистентните метерии, а со самото тоа и до атомите и молекулите. Мислам дека не е неточно ниту неправедно да се каже дека тоа е едно драматично сценарио, вели математичарот кој работел на откривањето на теоријата на „големиот расцеп“, др Марсело Дисконзи.

Науката е сосема уверена дека Земјата настанала со Големиот прасок пред 13.8 милијарди години. Тогаш настанала многу густа маса која почнала да се шири се до моментот што го имаме денеска. Иако судбината на нашата планета е се уште непозната, овие научници се на добар пат. Со ширењето на вселената ќе дојде до пукање и на најједноставните врски.

-Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека вселената се шири и дека се шири се побрзо, дека забрзува. Тоа е всушност единствениот факт што го знаеме, а кој ни помогна во откривањењето на теоријата за расцеп, додаде Дисконзи.