Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис поднесе оставка, информираат грчките електронски весници, повикувајќи се на владини извори.
Варуфакис оставката му ја врачил на премиерот Алексис Ципрас.
– Референдумот од 5-ти јули ќе остане запишан во историјата како момент во кој мала европска нација се крена против должничкото ропство. Како и сите битки за демократски права, така и ова историско одбивање на ултиматумот на еврогрупата од 25-ти јуни доаѓа со голема цена. Затоа непоходно е големото постигнување на нашата влада со гласањето за „Не“ на референдумот веднаш да биде инвестирано во „Да“ за правилна резолуција – договор што вклучува реструктуирање на долгот, помалку мерки за штедење, редистрибуција во насока на потребните и реални реформи. Веднаш по објавувањето на резултатите, од страна на некои членови на еврогупата и одредени „партнери“ ми беше нагласено моето „отсуство“ од нивните состаноци; идејата дека премиерот се смета дека е потенцијално од помош за постигнување договор. Од овие причини го напуштам Министерството за финансии денес, стои во оставката на Варуфакис, пренесува Грик рипортер.
Се смета дека неговото повлекување се должи на силниот притисок од своите политички противници за да постигне поповолни услови во преговорите со кредиторите за надминување на грчкиот долг, а, исто така, и на острите написи и лични напади врз него и неговата сопруга, кои, според медиумите, ја прелеале чашата.