Грција поднесе формално барање за спасувачки заем од посебниот фонд за поддршка на еврозоната, соопшти портпаролот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), пренесуваат светските медиуми.
– Европскиот стабилизациски механизам го доби грчкото барање, рече тој.
Министрите за финансии од Еврогрупата треба да го разгледаат барањето, кое е формално упатено претседавачот Јерун Дејселблум, преку конференциски повик кој е закажан за денеска, јави дописникот на МИА од Атина.