Каква порака испраќа бојата на сакото на Меркел?

Германската канцеларка Ангела Меркел е секогаш исто облечена, пантолони со рамни ногавици и сако со три копчиња, кратка коса, дискретен накит, незабележителна шминка и рамни чевли.

Стилот на Меркел дури и Карл Лагерфелд го опиша како сосема во ред.

Меркел само ја менува бојата на сакото. Според аналитичарите, изборот на бојата на сакото воопшто не е случаен, пишува српски „Курир“.

 

Изборот зависи од средбата и од видот на разговорот.

kakva-poraka-isprakja-bojata-na-sakoto-na-merkel

 

Виолетово и розово сако е за помалку формални средби, каде што нема тешки теми за разговор.

Крем боја и бело Меркел носи кога сака да испрати порака за мир, сино кога треба да делува сериозно, но не и строго. За такви, сериозни прилики е резервирана црната боја.

Зелената боја е боја на оптимизам, но и на смиреност.

Моделот на нејзиното познато сако го смисли дизајнерката Бетина Шонбек и тоа го дури во 90 нијанси. Да ѝ се најде, во секоја прилика.