Претставничкиот дом на САД вчера усвои симболична резолуција со која се признава масакрот во Сребреница за геноцид.
Пред десет години Долниот дом на американскиот Конгрес ги призна случувањата за геноцид. Вчера конгресмените гласаа усно со консензус за нова резолуција, чиј текст го содржи 14 пати зборот „геноцид“, пишува МИА.
Во текстот се наведува дека агресивната политика на етничко чистење на српските сили во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година е геноцид врз основа на член 2 од Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид.
Во јули 1995 година во заштитената од ОН енклава Сребреница беа убиени над 8.000 муслимански мажи и момчиња. На 11 јули се навршуваат 20 години од случувањата во Сребреница.