
Денеска повторно пекол. Според најавите на метеорлозите во текот на денешниот ден температурите ќе се искачат до 39 степени.
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во северозападните делови е можен краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 28 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне до 38 степени.
Повеќе за темата можете да прочитате на следниот линк.