Мајката од ова видео е мајка од пеколот. Таа за време на една свадба го фрли своето бебе за бидермаер.
Иако секоја немажена девојка сака да го фати бидермаерот постапката на оваа мајка ја надмина секоја граница.
Кога невестата го фрли цвеќето мајката го испушти од раце своето бебе за бидермаер. Бебето падна на земјата, а мајката откако не успеа да го фати букетот сфати што направила…
Имено, ова не е прв случај родителите да е покажат како лоши.
Неодамна една мајка беше искритикувана од голем број корисници на социјалните мрежи бидејќи своето дете го ставила во машина за перење алишта.
На бебето му било забавно да биде во машина
Млада мајка од Велика Британија го ставила своето две-годишно дете во машина за перење на алишта, а сликата ја објавила на социјалните мрежи.
Несовесната мајка детенцето, кое е болно од Даунов синдром, го фотографирала додека било заглавено во машината за перење на алишта, а за тоа одбива да се извини.
„Тој ја сака машината за перење на алишта. Ние се фотографиравме и се смеевме“, се правда таа, пренесува британски „Mirror“.
Сите соседи и пријатели се вознемирени поради оваа нејзина објава, а полицијата ја повика мајката на распит.
Пред неколку месеци брачен пар за време на своето летување во Турција го заборавиле бебето во море, па истото со својата гума струјата го однесе на отворено море.
Се одморале па го заборавиле бебето во море
Семејството Илгин летувало во близина на градот Кучукују на југозападниот брег на Турција и додека одмарале на плажата, нивната десетмесечна ќерка ја оставиле да плови во жолта гума за пливање. Во еден момент силниот ветар ја турнал малата Мелда кон отворено море.
Кога конечно виделе што се случува, родителите се обиделе да ја стигнат, но не успеале, па ја викнале крајбрежната стража, пишува Дејлимеил.