
Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили, објави Куманово њуз.
Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.
Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминалe возила со специјалци.
Просторот околу Куманово го надлетуваат и хелихоптери.