
Некои велат дека тантричкиот секс е врвно задоволство, други сметаат дека е глупост.
Иако не е никаква новина – тантрата е 5.000 години стара практика, за овој вид секс не се зборува многу. Поентата на тантричкиот секс е партнерите да се посветат еден на друг, заедно да уживаат во секоја смисла, а оргазмот се одложува за задоволството да трае подолго.

Тие кои го пробале овој секс велат дека искуството е сензуално и препорачуваат во „играта“ да вклучите тенка марама која ќе ја користите како превез за очи за да се фокусирате на допирите, како и масло за масажа, лубрикант…
Експертите на тантричкиот секс ги препорачуваат овие седум чекори за да доживеете незаборавно искуство.
Стриптиз
Пуштете музика и движете се во ритмот, и полека почнете да го соблекувате партнерот.
Симфонија
Замислете дека сте музичар, изберете инструмент и „свирите“ на голото тело на својот партнет најмалку пет минути. Во меѓувреме, партерот нека погодува за кој инструмент станува збор, а потоа заменете ги улогите.
Предадете се
Својот партнер и пуштете го да ве допира каде што сака. Уживајте во тоа барем пет минути, а потоа заменете се. Може да користите превез за очи, за повеќе да уживате во допирите.
Татричко дишење
Дишете полека и длабоко, бидејќи на тој начин се продолжува ужвањето и се одложува оргазмот. Својот здив насочете го кон голото тело на својот партнер, особено на вратот, стапалата.
Прошетка со прстите
„Прошетајте“ со прстите по своето тело и покажете му на партнерот неколку места по кои сакате да ве допира.
Тантрички бакнеж
Бакнувајте го партнерот насекаде по лицето, а истовремено галете го со рацете. Потоа долната усна на партнерот цицајте ја бавно, потоа преминете на јазикот и завршете со стравствен бакнеж.
Тантрички танц
Застанете еден покрај друг и движете ги телата во ритам, истовремено. Свртете се еден кон друг и мрдајте со колковите, но не ги поместувајте стапалата. На сето тоа, додадете некоја еротична музика и сигурно ќе уживате.
Прочитајте повеќе:
Тантра стол за поголемо сексуално уживање