Трамп: Децата на илегалните мигранти нема да добијат американско државјанство

Еден од републканските претенденти за иден претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп изјави дека тој се злага за укинување на сегашното право на американско државјанство, што по автоматизам следува за децата родени во САД, пренесе МИА.

Според американскиот Устав, сите деца родени на територијата на САД, дури и ако нивните родители се илегални мигранти, добиваат државјанство. Трамп сега тврди дека таквата одредба во Уставот треба да се укине, оставајќи ја можноста, семејствата, чии деца се родени на американска територија, да може подоцна да се вратат во САД, доколу владата оцени дека тоа го заслужуваат.

Имигрантите и имигрантското прашање претставува доминантно прашање во кампањата на Трамп, а неговиот сегашен рејтинг покажува дека позициите што тој ги има околу имиграцијата им се прифатливи на домашните гласачи.

Тој смета дека треба да се зголеми таксата за добивање американска виза, а средствата што би се собрале од тоа, да се употребат за продолжување на изградбата на оградата на границата меѓу САД и Мексико.

Мора да се запре имигрантскиот бран и тие луѓе мора да си заминат од САД, изјави Трамп за Ен-Би-Си.

Во изјавата за оваа американска телевизија, Трамп вели дека острата антиимигрантска политика е повеќе од потребна, затоа што, како што тврди, конечно е докажано оти криминалот е поврзан со имигрантите кои живеат илегално во САД.

Доналд Трамп кој засега води меѓу републиканските претенденти за номинакција за претседателските избори во 2016 година, заговара депортација на сите кои немаат регулиран статус во земјата.

Прочитајте повеќе:

Доналд Трамп бил лудо вљубен во принцезата Дајана
Доналд Трамп бил лудо вљубен во принцезата Дајана

Извор близок на трагично загинатата принцеза рекол дека Трамп ја опсипувал со цвеќе, но Дајана не била воодушевена од него, ниту од неговите постапки.

Селина Скот, која станала блиска пријателка на принцезата од Велс, рекла дека милијардерот сакал да се ожени со Дајана, и дека тaa би можела да биде негова „трофеј“ жена.

Но, Селина рекла дека Дијана се „ежела“ од Трамп и дека не и паѓало на памет да има било што со него.

Почна да изгледа како Трамп да ја прогонува… Знам бидејќи тоа ми го кажа, рекла Скот и додала дека Дајана секој букет го фрлала во канта за ѓубре.

За потсетување Дајана загинала на 31 август 1997, после повредите со кои се здобила во сообраќајна несреќа.