Загина жена кај Мислешево

Во сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево, жена го загуби животот.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потрврди незгодата. Сообраќајната незгода, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жена која се движела на патот. Од ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.

 Сообраќајната незгода, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жена која се движела на патот.
Сообраќајната незгода, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жена која се движела на патот.

 

Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица – Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата.

Повеќе детали полицијата најави во текот на денот.