Ставрески: Во Буџетот има доволно средства за зголемување на пензиите

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека во Буџетот има доволно средства за зголемување на пензиите. Пензионерите ќе добијат повисока пензија за пет проценти за септември која ќе биде исплатена во октомври. Зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, односно секој пензионер ќе добие по 630 денари.

За зголемување на пензиите уште кога го правевме буџетот за 2015 година ставивме доволно средства. Секогаш така работиме, пред да им ветиме на пензионерите или која било друга група граѓани, проверуваме, анализираме, правиме пресметки дали имаме сила тоа да го направиме и како. Така што, сега со ребаланот само се потврдува дека можно е тоа да се направи, односно септемвриската пензија што ќе биде исплатена во октомври, пензионерите ќе ја добијат со зголемување од 5 проценти, вели Ставрески.

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2015 година

Со 62 гласа за и 7 против Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Буџетотза 2015 година.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска образложувајќи го Предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година во рамки на 62. седница на Собранието истакна дека остварувањето на Буџетот за 2015 година во првите седум месеци биле подобри од очекувањата, а прибраните приходи биле повисоки од планираните. Тие, рече Ставрески, со предложениот ребаланс на Буџетот ќе се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.

Како што посочи Ставрески, реализацијата на Буџетот на расходната страна се одвивал согласно предивиденото и оти вкупните приходи биле подобри од очекувањата и подобри од минатата година.

Добрите и повисоки приходи и расходите на планираното ниво, според Ставрески овозможиле вишок на средства во Буџетот и предложениот ребаланс.

Добрите и повисоки приходи и расходите на планираното ниво, според Ставрески овозможиле вишок на средства во Буџетот и предложениот ребаланс.

Во првите седум месеци од годинава остваривме вкупно 92 милијарди и 579 милиони денари приходи во Буџетот што е за 11 милијарди и 160 милиони денари или за 13,7 проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година. Ваква реализација на приходната страна на некој начин овозможи ликвидноста на Буџетот да биде извонредно добра, да има редовност во плаќањето на обврските кон фирмите и кон корисниците на средства од буџетот и да се релаксираат односите во плаќањето во земјата. Од друга страна пак овозможи вишокот на средства над планираните да се распореди пртеку ребалансот и тоа  е причината зошто тој се предлага за разлика од минатите години кога се предлагаше поради недостиг на приходи во Буџетот, рече вицепремиерот Ставрески.

Појасни дека кај даночните приходи има намалување на ДДВ, но дека тоа е компензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите.

Кај данокот на добивка приходите се за 5 милијарди и 142 милиони денари или за 165 проценти повиоки од 2014, а кај приходите од акцизи се  кои се 1 милијарда и 981 милион денари или 22 проценти повисоки од лани. Добри биле и приходите од здравствено и пензиско осигурување.

Добрите и повисоки приходи и расходите на планираното ниво, според Ставрески овозможиле вишок на средства во Буџетот и предложениот ребаланс.