Во текот на вчерашниот дена во битолско е ограбена куќа, а крадецот влегол преку таван. Како што информира МВР, кражбата се случила во периодот од 07,30 до 11,00 часот во село Средно Егри – Битола.

Непознат сторител во домот на Ј.Ј.(1936), влегол преку таванот од куќата. Крадецот од спалната соба одзел: 2.000 евра, 2.000 австралиски долари, 5.000 американски долари, ловечка пушка марка ТОЗ-63, калибар 16мм со фабрички број 22593, која ја поседувал Јован со дозвола и златен накит.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 500.000 денари. Увид е извршен од страна на ОКТУПА при СВР-Битола.
СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.