Ќе возиме ефтина нафта, пад на цените

Цените на нафта на светските берзи утринава доживеале голем пад, губејќи околу два отсто од својата вредност, објави руската новинска агенција РИА „Новости“, пренесува Нетпрес.

Цената на нафта од типот „Брент“, за прв пат од 17 март 2009 година, падна под психолошката граница од 45 американски долари за барел, во позадина од глобалната загриженост за економијата во Кина, покажуваат податоците од светските берзи.

– Берзанските фјучерски за нафта WTI за набавки во октомври, годинава, се намалиле вкупно за 2,5 отсто и сега изнесуваат 39,44 американски долари за еден барел. Цените на октомвриските фјучерси, пак, за нафта од типот „Брент“ паднале за 2,09 отсто и сега изнесуваат 44,51 американски долари за еден барел, пишува руската новинска агенција во својата објавена вест.

nafta cena svetski berzi
Ќе возиме ефтина нафта, пад на цените на светските берзи

Последен пат цените на нафта на светските берзи се спуштија на минимум по цели шест години во март, годинава, а тогаш очекувањата беа дека залихите на сирова нафта во САД ќе продолжат да растат.

Тогаш американската „лесна“ нафта (WTI) се намали на берзата во Њујорк за 83 центи, и тоа од на 42 на 63 долари за барел, што е најниско ниво од март од 2009-тата година.

Тогаш нафта од типот „Брент“ се продаваше за 53, 37 американски долари за еден барел, поевтино за 14 центи.

– Очекуваме нов пораст на залихите на нафта во САД, што ќе ја сголеми загриженоста околу и онака големите залихи во светот, изјави тогаш аналитичарот од сиднејската компанија „Фет Профитс“, Дејвид Ленокс.