ГРОМ со поддршка за мнозинскиот изборен модел. Според граѓанската опција за Македонија- ГРОМ, евентуалната промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирањето не само на Собранието, туки и на сите Влади во иднина.
Сметаме дека евентуалната промена на постоечкиот изборен модел од шесте изборни единици да биде во мнозински изборен модел со отворени листи. На тој начин, луѓето со најголем кредибилитет кај граѓаните, независно дали се членови или не на политичка партија, ќе влезат во Собранието на Република Македонија, истакна Љупчо Пренџов, организационен секретар на ГРОМ, на денешната прес-конференција.
ГРОМ со поддршка за мнозинскиот изборен модел, затоа што, како што велат овој систем директно го подигнува квалитетот и кредибилитетот на Собранието на Република Македонија.
На Заев не му пречеше мнозинскиот модел кога го бираа за градоначалник, а сега му пречи
Истовремено, сметаме дека оваа е сериозна расправа која што бара сериозни аргументи. Прашувам, како тоа на Зоран Заев три пати по ред да стане градоначалник на општина Струмица не му пречеше мнозинскиот изборен модел – а сега му пречи. Како тоа на Зоран Заев да стане трипати градоначалник на општина Струмица не му пречеше што нема направено попис, а сега истиот му пречи. Сметаме дека ниту една партија, чесна во своите намери не треба да се плаши од изборот на граѓаните на Република Македонија, додаде Пренџов.
Од Гром нагласуваат дека мнозинскиот систем и отворените листи единствено го зголемуваат политичкиот избор за квалитетни кадри и ја прошируваат политичката понуда кон граѓаните.