
Седумнаесет годишен мигранте убиен во Грција во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе.
Грчките власти соопштија дека престрелката се случила покрај островот Дими, кога јахта со 70 имигранти се обидела да влезе нелегално во грчките територијални води од Турција.
Грчката крајбрежна стража и припадници на европската погранична агенција Фронтекс успеале да ја запрат јахтата и се качиле на неа.
Престрелката почнала за време на спор меѓу полицијата и тројца мажи осомничени за трговија со луѓе, кои биле турски државјани. Едниот од нив признал дека ранил полицаец.
Властите почнаа истрага за откривање на причините за смртта на имигрантот. Според анонимен извор од болницата на островот момчето мигрант е убиен најверојатно со огнено оружје
Курц до Грција: Срамно е што ЕУ држава пропушта илјадници мигранти дневно

Срамно е што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници мигранти дневно. Ова го истакна австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.
Курц говореше за проблемот со илегалните мигранти во рамките на Самитот за земјите од Западен Балкан со ЕУ што се одржува во Виена, за време на министерската сесија на која учествуваа министрите за надворешни работи на државите од регионот, на Германија и на неколку други членки на ЕУ, како и претставници на ЕК.
Ние како ЕУ треба да им појасниме на земјите кои не спаѓаат во нашата група како треба да ги прават работите и треба да бидеме самокритични дека е срамно што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници мигранти дневно. Тоа е срамно и ние како ЕУ треба да преземеме спротивни мерки бидејќи тоа енеприфатливо за Македонија, а потоа и за Србија и Унгарија каде се упатуваат натаму бегалците, рече Курц во пораката наменета до Грција.