Трговскиот суфицит на Германија во текот на минатата година пораснал на рекордни 198,9 милијарди евра од 189,8 милијарди евра од 2012-та.
Тоа е највисоко ниво од моментот кога почнале да се собираат податоци за надворешната трговија, покажуваат податоците на германската кацеларија за статистика Дестатис.
Но, во декември на месечно ниво трговскиот суфицит на Германија благо е намален на 18,5 милијарди од ноемвриските 18,9 милијарди евра, поради нешто послабото темпо на извоз и увоз, стои во соопштението на Дестатис.
Според сезонски прилагодените податоци, вредноста на стоката која е извезена од Германија во декември била 92,5 милијарди евра, што е помалку во однос на ноемвриските 93,3 милијарди евра, додека увозот се намали на 74 милијарди евра од ноемвриските 74,4 милијарди евра.
Сето тоа говори дка сезонски прилагодениот трговски суфицит на Германија во декември е намален, додека трговскиот суфицит исто така се намали на 14,2 милијарди евра во декември за разлика од 19,1 милијарди во ноември, како последица од падот на извозот.