
Несакам да одам, се плашам од водата. Незнам да пливам… Ова биле последните зборови на мајката на двете сириски момчиња, која заедно со нив го загуби животот во трагедијата што се случи на брегот на турското летувалиште Бодрум, пренесува Дејли меил.
Тетката на двете сириски момчиња што се удавија во Егејското Море, за медиумите открива дека мајката на децата несакала воопшто да оди во Кос и оти незнаела да плива.

Тима Курди, сестрата на таткото на децата Абдула Курди, во Ванкувер каде живее и работи, одржа потресна прес конференција, на која со јавноста ги сподели последните мигови од трагичната приказна на сириското семејство, чија судбина деновиве го потресе светот.

Тима се надевала дека ќе успее да го повлече семејството во Канада, но кандските власти го одбиле нивното барање за азил.
Неговата сопруга, пред една недела ми рече: „Несакам да одам, се плашам од водата. Незнам да пливам, ако нешто се случи… Несакам да одам“ , раскажува Тима пред медиумите и додава дека најверојатно семејството сепак одлучило дека ќе одат сите заедно.
Низ солзи, Тима вели дека двете дечиња воопшто не виделе добро во животот, а дека нејзината снаа била премногу млада за да умре.
Таа го моли нејзиниот брат Абдула да не се враќа во разореното Кобане во Сирија за да го погреба семејството.

Се плашам, навистина се плашам. Загрижена сум за него и го молев да не се враќа во Кобане. Но тој несака да прифати. Навистина сум загрижена за неговата безбедност, посебно по ова што се случи и затоа што целиот свет гледа… Се што сакам е тој да биде на безбедно, вели Тима.
Тима, односно Фатима изјавила дека нејзиниот брат Абдула рекол дека Турција не е негова држава и дека се што сака да направи е да се врати во Кобане. Како што вели таа, тој рекол дека не сака ништо повеќе.
Само сакам да ги погребам децата и да седам покрај нив додека не умрам, рекол Абдула.
Трагичната исповед на таткото на сириските момчиња проследете ја на следниот линк.