
Полицијата ја откри досега најголемата плантажа со канабис во Шпанија, во реонот на градот Албасете, во југоисточниот дел од земјата.
При акцијата се уапсени шест лица.
На плантажата се засадени околу 75.000 растенија канабис со вкупна тежина од пет тони. Таа е откриена среде фарма со плоштина од три хектари.
Според шпанските медиуми, плантажата би можела да биде и најголемата во Европа.
Последен во низата случаи на пронајдени семки од канабис во земјава е деветнаесетгдишен умановец кај кого полицијата пронајде 17 семки од ова растение.
17 семки канабис пронајдени кај кумановец
Деветнаесетгодишниот А.Д. од Куманово пред два месеци доби кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во продажба наркотици.
Тој бил сопрен од полицијата во април годинава на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, а при претресот во возилото биле пронајдени 17 семки канабис и 1,71 грам марихуана.