Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик

Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица. Италијанската компанија „Диатек“ која е глобален лидер во технологијата на дигитално печатење ја отвори фабриката „Макдиа“ во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

На отворањето на фабриката присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и италијанскиот амбасадор во земјава Масимо Белели.

Во фабриката „Макдиа“, во Бунарџик веќе се вработени 35 лица, а се очекува бројот на вработени да се зголеми на 200. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.

Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик
Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик

„Макдиа“ ќе се произведува производи за печатната и текстилната индустрија, а најголем дел од производството ќе бидат наменето за извоз пред се на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот залив  и Северна Африка.

Бројот на инвестиции во Македонија продолжува, оцени премиерот Груевски во своето обраќање и нагласи дека мерките што Владата ги презема за подобрување на бизнис климата од година во година резултираат со се поголем број на компании кои градат фабрики во државата.

Технолошко-индустриските развојни зони во Скопје се само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто, како од зелена ливада може да се направи цел комплекс на фабрики….Бројот на инвеститори во овие зони континуирано расте. Тука се Вистеон, Џонсон Мети, Технокозе, Кемет електроникс, Ванхул, а од денес официјално и новата фабрика на Дијатек, рече Груевски, пренесе МИА.

Новата фабрика – пример за тоа како македонската дијаспора асистира во привлекувањето инвестиции

Во своето обраќање по повод оваа нова странска инвестиција, претседателот на владата додаде дека една од придобивките од отворањето на новата фабрика ќе биде и директното зголемување на извозот од Македонија. Како што посочи, отворањето на оваа фабрика е еден од многуте примери во кои македонската дијаспора асистира во привлекувањето на странските инвеститори во Македонија.

Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик
Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик

Тоа е јасен доказ дека врските со татковината се силни и дека дијаспората постојано мисли и помага за Македонија. Токму затоа и треба да ги продлабочуваме нашите врски со дијаспората на институционален, економски, политички и на секаков друг план, истакна Груевски.

Според него, оваа италијанска компанија ги препознала сите оние квалитети на кои Владата работи години наназад како што се погодната законска регулатива, даночните олеснувања и рамниот данок.

Фабриката на „Диатек“ седма по ред во Бунарџик

Вицепремиерот Пешевски нагласи дека Македонија е избрана како земја за инвестирање во конкуренција на Германија и Србија.

Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик
Нова странска инвестиција и вработување за 200 лица во Бунарџик

Со отворањето на фабриката „Макдиа“, Македонија се придружува на земјите каде „Дијатек“ веќе има фабрики, а тоа се Италија, Германија, Швајцарија и САД што укажува дека на некој начин по условите што ги имаме стоиме рамо до рамо со овие држави, рече Пешевски.

Италијанскиот амбасадор во Македонија и сопственикот на „Дијатек“ Диего Мосна оценија дека една од причините зошто компаниите инвестираат во Македонија се добрата местоположба, политичката стабилност и поволните услови за инвестирање.

Договорот со „Дијатек“ беше потпишан во март годинава. Фабриката на оваа компанија е седмата фабрика што е отворена во ТИРЗ Бунарџик.