
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територија на град Скопје, во соработка и со поддршка од СВР Скопје, денеска традиционално го одбележуваат Светскиот ден на Првата помош.
По повод Светскиот ден на Првата помош ќе организираат повќе показни вежби за правилно укажување прва помош.
Показните вежби ќе бидат на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ Бисер, ТЦ Сити мол, Порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка. Ќе бидат симулирани незгоди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на екипите на СВР Скопје ќе треба правилно да ги санираат.

Во вежбите освен волонтерите на Црвен крст ќе бидат учествуваат и ученици од 19 основни и средни училишта во кои Црвен крст на град Скопје има училишни клубови за едукација и превенција, а младите ќе бидат вклучени во делење на флаери на минувачите.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Првата помош ќе биде реализирана обука за 19 наставници и професори одговорни за работата на клубот во нивното училиште, а набавени се и поголема количина санитетски материјал кој ќе биде предаден за секое од овие училишта.
Активностите годинава се дел од проектот Училишни клубови за едукација и превенција поддржан од Трансмет – Скопје.