Утре истекува рокот за Специјален јавен обвинител

Утре истекува рокот за Специјален јавен обвинител
Утре истекува рокот за Специјален јавен обвинител

Рокот за постигнување договор за Специјален јавен обвинител истекува утре, а претставниците на четирите најголеми партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА се под силен меѓународен притисок.

Партиите сеуште не можат да постигнат договор за законско уредување на мандатот, позицијата и функционирањето на обвинителот. Сето тоа треба да се преточи во предлог закон, што треба да помине низ собраниска процедура. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да достават по пет предлози за специјалниот јавен обвинител до посредникот Питер Ванхауте. Спорен е и бројот на заменици обвинители кои треба да му помагаат во истрагата околу индициите за незаконско постапување, што произлегуваат од снимките од прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата.
Владејачката партија има забелешки и за други прашања, освен за бројот на заменици на специјалниот јавен обвинител, како за буџетот и овластувањата.

Ако се пробие датумот договорен во Пржино, кој истекува утре, не се исклучува можноста Брисел да именува специјален јавен обвинител заедно со Законот.

Во петок во Скопје треба да допатува еврокомесарот Јоханес Хан. Од изборот на специјалент јавен обвинител зависи дали Хан ќе означи старт на дијалогот на високо ниво.