Трифун Костовски – „тројанскиот коњ“ на СДСМ

Трифун Костовски најави дека ќе формира движење, второ или трето по ред, кое треба да ја изигра улогата на тројански коњ на СДСМ на престојните избори, пишува порталот „Журнал“.

mkd-216512

 

Трифун Костовски на граѓаните им остана запомнат како најнеспособниот градоначалник на Скопје на сите времиња. Овој милионер своите пари ги има заработено искористувајќи  ја својата  позицијата преставник на државна фирма во 80-тите во Советскиот сојуз, за потоа да се врати како еден од најбогатите бизнисмени во Македонија. Јавноста никогаш не дозна како и на кој начин во тоа време еден службеник стана побогат од својата фирма која го пратила да работи, пишува порталот.

Ете овој човек, прифатил да глуми движење за да пред избори движењето се приклучи кон СДСМ и да личи дека се формира голем блок на опозицијата. Многу провидно и прочитано од јавноста.

Истиот Костовски освен што го помина безлично својот мандат како градоначалник од 2005 до 2009 година, успеа да создаде една мрежа од сомнителни типови околу него кои додека тој градоначалникуваше тие собираа рекет. Јавноста се сеќава дека Златко Соколовиќ- Лате, личен советник на Трифун Костовски за економско финансиски работи, кој од фирмите во Скопје бараше рекет во форма на донација, на крајот заврши во притвор со дебела кривична пријава.

mangi

Трифун Костовски како градоначалник на град Скопје се обиде да ја протурка и својата желба од култниот Кермес да направи огромен хотел во градскиот парк на површина од 6300 квадратни метри.

Очигледно сомнителните трансакции го следеа на секој чекор Трифун Костовски и во Советскиот Сојуз , ама и во неговиот кабинет како градоначалник.

Овој “економски експерт“ вчера се изнакажа глупости на една телевизија, од типот дека носењето странски инвеститори кои отвораат нови работни места во Македонија од страна на Владата,  им го земало лебот на граѓаните од масата?! Замислете тоа го кажува Трифун Костовски истиот кој не успеа да отвори ниту една фабрика со своите милиони, туку напротив влезе во Порцеланка Велес и ја дозапусти.  На колку семејства Трифун Костовски им го зеде лебот од уста?, пишува Журнал.

maxresdefault

За разлика од порано,  пред да стане градоначалник кога гласачкото тело не ја познаваше неговата неспособност, денес овој  политички маргинализиран тип, е предмет на потсмев во политичките кругови и поширокото граѓанство. Дури и оние ликови кои го дружат затоа што го гледаат како извор на финасирање од типот на Фрчковски, Ацо Кабранов, Сашо Ордановски и слични на нив, во континуитет изминатите години се потсмеваат на неговата политичка неписменост.