Мезиер: ЕУ треба да прифати ограничен број бегалци

Мезиер: ЕУ треба да прифати ограничен број бегалци
Мезиер: ЕУ треба да прифати ограничен број бегалци

Европската унија не може бесконечно да прима бегалци, туку треба да прифати само ограничен број од нив, а останатите да ги испрати во некоја безбедна земја во опкружувањето од кое потекнуваат, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Не можеме да ги прифатиме сите оние што бегаат од зоните на конфликт или од сиромаштијата и кои сакаат да дојдат во Европа или во Германија – изјави Мезиер во интервју за германскиот неделник „Шпигел“.

Според него, ЕУ не треба да се расфрла со релативно великодушни квоти за прием на имигрантите, туку треба да создаде „правни средства за имиграцијата“, со што ќе го ограничи бројот на оние бегалци кои би останеле во европските земји.

По исполнувањето на тој лимит, остатантите (имигранити) траба да ги испратиме во регионот од кои потекнуваат, на места каде ќе можат да живеат безбедно и каде нема да бидат прогонувани – истакна Мезиер, додавајќи дека ЕУ финансиски би ги поддржала земјите кои ќе примат бегалци.

Мезиер предлага и заострување на прописите поврзани со азилот и враќање на бегалците во првата земја-членка на ЕУ во која влегле.