![bosna po protestite](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/161622138152f601cb63caf597699210_v4-big.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Две партии кои учествуваат во владејачката коалиција во Босна и Херцеговина, вчера побараа предвремени парламентарни избори, со цел смирување на народното незадоволство, што доведе до протести против владата и сиромаштијата и прерасна во невиден насилство, како што немало од војната наваму, пренесе „АФП“.
„Мора да престанеме насилството, да ја повратиме безбедноста на граѓаните и да организираме брзо предвремени избори“, се вели во соопштението Социјалдемократската партија, иако следните избори се предвидени за октомври.
Водачот на најголемата муслиманска партија во земјата СДА и член на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ , исто така, повика на предвремени избори.
Народот сака промена на власта“, изјави Изетбеговиќ.