Најинтересниот неделен натпревар од 23. коло во шпанската Примера дивизион, дуел помеѓу екипите на Севилја и Барселона, заврши со убедлив триумф на каталонскиот гигант од 4:1.
Најзаслужен за освоените три бода на незгодното гостување во Андалузија е аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси, кој со двата погодока на најдобар може начин стави крај на невкусните коментари кои во изминатат недела беа упатени на неговата адреса.
Со маестралната партија, Меси ги демантираше сите тие кои јавно ја критикуваа неговата форма, а имаше и такви кои јавно изјавија дека Аргентинецот повеќе ја нема таа потребна страст и дека полека но сигурно се заситува од фудбалската игра.
Резултати: Осасуна – Гетафе 2:0, Валјадолид – Елче 2:2, Сосиедад – Леванте 0:0, Севилја – Барселона 1:4.