Не очекува сончев викенд и потопло време, од недела попладне зголемување на облачноста и дожд.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Викендов сончево, од недела попладне зголемување на облачноста и дожд

Во наредните денови во земјава ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст, а од недела попладне се очекува зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд.
Какво време не очекува до крајот на овој месец, погледнете на следниот линк.