Напаѓачот на хрватски Интер Запрешиќ, Несторовски е во страшна форма, тој е најдобар стрелец во првенството, па така повикот од страна на селекторот кој тој го чекаше долго време е очекуван. Остоја Стјепановиќ, пак, е повикан во тимот на местото на Никола Глигоров кој е повреден и многу веројатно нема да може да биде на располагање.
Никола Глигоров има повреда, сѐ уште не е дефинитивно јасно дали тоа ќе го спречи да ни помогне во подготовките и на натпреварите, но многу веројатно е дека нема да може максимално да се стави на располагање на тимот. Затоа решивме да го повикаме Остоја Стјепановиќ како една квалитетна алтернатива на таа позиција. Од друга страна, Илија Несторовски заслужува шанса да се бори за место во репрезентативниот тим по добрите игри во Хрватска и голгетерската форма. Подготовките започнуваат денеска, се надевам дека од почеток максимално сериозно ќе ја сфатиме задачата и важноста на дуелите и ќе останеме здрави и без проблеми за натпреварите против Украина и Белорусија, изјави селекторот Друловиќ за официјалниот сајт на ФФМ.
Македонската А-репрезентација денеска во 18.00 часот на тренинг комплексот “Петар Милошевски” го има првиот тренинг, а на располагање на селекторот ќе му бидат и Несторовски и Стјепановиќ.