„Курир“: Се открива планот на СДСМ за бегање од народот и изборите

Се открива планот на СДСМ за бегање од народот и изборите. Најголемата опозициска партија преку постојано креирање на вештачки кризи, тврдоглаво однесување и давање на предлози и барања на штета на македонската држава, прави сè за да избегне избори. Дека тоа им е планот открива и Слаѓана Тасева која е отворен поддржувач на политиките на опозицијата, пишува порталот „Курир“.

Во оваа еуфорија сега и со толку очекувања, се прават времени поминувања од една на друга точка да се добие во време. Можеби пролонгирање на датумот за избори е некаква цел за целата оваа работа. Во суштина ние сме доведени до една таква ситуација, вели Тасева во гостувањето на 24 вести.

Порталот понатаму потсетува и на колумната во која ударната тупаница на СДСМ, Бранко Героски  пишува дека рејтингот на премиерот Никола Груевски пораснал. Тој пишува дека на претседателот на Владата рејтингот му се зголемил за цели 3 осто.

Ова значи дека и самиот опозициски блок и СДСМ се свесни за огромната поддршка на народот кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, чиј рејтинг е повисок од пред периодот на бомбите, наспроти слабиот рејтинг на СДСМ и Заев што е причина плус СДСМ да се плаши од избори. Бегањето од народот и одложување на датумот, се чини, за СДСМ е најдобра опција, пишува „Курир“.