![film1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/film1.jpg?resize=518%2C344&ssl=1)
Снимањето на францускиот филм „А фонд“ од денеска продолжува на нова локација на магистралниот пат А1, делница од мотелот Македонија до Градско.
![Снимањето на францускиот филм продолжува кај Градско](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/PAT.jpg?resize=640%2C466)
Поради снимање на филмот, овој дел од патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 5 часот наутро до 18 часот попладне. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.
Снимањето е планирано да се одвива во работните денови. Претходно снимањето се одвиваше на обиколницата кај Скопје