
Затворена делницата од „Mотел Mакедонија“ до Градско. АМСМ, повикувајќи се на информациите добиени од „Мануфактура продукција“, најави дека , снимањето на филмот „А Фонд“ќе се одвива на делницата од „Mотел Mакедонија“ до Градско.
Поради ова делницата ќе биде затворена за сообраќај од 05:00 до 18:00 часот и сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.
Како што информираат од АМСМ, утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.