Романската полиција уапси двајца мажи кои во автомобилот со кои се превезувале пренесувале хероин. Тие биле уапсени во понеделникот во романскиот округ Џурџу, соопшти денеска романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам, објави МИА.
Во каросеријата на автомобилот биле скриени 44 пакети со различна форма, кои содржеле вкупно 17,6 килограми хероин.
Вредноста на наркотикот на пазарот е околу еден милион евра, објави весникот „Романија либера“.