Член на Пинк Пантер екстрадиран во Дубаи

Триесет и четиригодишниот Борко Илинчиќ, еден од лидерите на групата „ Пинк Пантер “ е екстрадиран од Шпанија во Обединетите Арапски Емирати, каде го чека доживотна казна затвор.

Тој е осуден ов отсуство поради грабеж на златара во Дубаи од која е украден накит вреден 11 милиони евра.

Во трага на Илинчиќ во февруари минатата година влегоа шпанските полицајци кои го открија во околината на Мадрид. Тој кај себе имал лажен пасош на име Иван Кљајиќ и иако упорно повторувал дека е турист, приведен е по неколку дена тајно следење.

Во Шпанија му е одреден екстрадиционен притвор, а минатата недела е испратен во ОАЕ.

Шефот на полицијата во Дубаи по повод екстрадирањето на Илинчиќ изјавил дека тамошната полиција неколку недели по грабежот уапсила двајца осомничени државјани на Србија.

Триесет и тригодишниот Никола Милат, сопственик на српска компанија е осуден на 10 години затвор поради помагање во грабежот, додека вториот осомниче, Милан Митиќ (52) по пресудата е ослободен од обвинението за поседување на украдените работи. Третиот, Мартин Свобода во ОАЕ е екстрадиран од Холандија.

Во меѓувреме осомнчениот Драган Николиќ е уапсен во Франција во 2008. Година, а потоа екстрадиран во Лихтенштајн, каде отслужува казна затвор од седум години. Во затвор во Лихтенштајн е и Маринко Мариќ, кој е уапсен во Монако, а казната му истекува во 2019. година. Интерпол и понатаму трага по Никола Живковиќ и Бојан Митиќ.

ink

Да се потсетиме – бандата во 2007. година со фве возила марка „ауди“ влета во трговски центар. Еден од автомобилите удри во излогот на златарата „Граф“, а потоа маскираните разбојници истрчале и го собрале накитот, дијамантите и часовниците за помалку од една минута. Со автомобилите побегнале од трговскиот центар, а потоа ги запалиле.