Мини Самит : Како да се интегрираат Македонија и Србија во безбедносниот систем на ЕУ

Најголем проблем за заедничко оперативно работење и справување со мигрантската криза од безбедносен карактер е како да се најде начин да се интегрираат Македонија и Србија во безбедносниот систем на Унијата од каде доаѓа заканата.

Мини Самитот на Европската унија со Македонија и Србија посветен на бегалската криза започна со подготвителен состанок за работа на драфт-текстот за заедничките оперативни заклучоци што може да се спроведат веднаш, а на работни групи претставени од претставници на Министерствата за внатрешни работи на земјите-учеснички.

Најголем проблем е како да се интегрираат Македонија и Србија во безбедносниот систем на ЕУ

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, овој подготвителен состанок се очекува да трае до 14 часот, а Самитот на шефовите на државите и Владите што го свика претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, а на кој ќе присуствуваат првите луѓе на Македонија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Словенија е предвидено да започне во 16 часот и да трае до 19 часот.

Според првичните информации, како што информира МИА, драфт-текстот на заклучоците што вечерва ќе се донесат се однесува на размена на информации за бројот на мигранти и бегалци кои од првиот влез во земја на ЕУ, а тоа е Грција, ќе продолжат со движење низ Македонија и Србија по што повторно влегуваат во територија на Унијата (а тоа се Унгарија, Србија, Романија и Бугарија). Заклучоците во драфт-текстот се наменети да се оствари хуманитарната обврска на земјите од Европа.

Единствено е познато дека нема ниту еден заклучок за заедничко оперативно работење и справување со мигрантската криза од безбедносен карактер.  Најголем проблем е како да се најде начин да се интегрираат Македонија и Србија во безбедносниот систем на Унијата од каде доаѓа заканата. Токму заради овие недостатоци од безбедносен карактер земјите кои не се ЕУ-членки, Македонија и Србија се очекува да го дигнат гласот за непринципиелниста и слабостите на системите за национална безбедност кои не се интегрирани во безбедносната архитектура на Европската унија и агенциите на Брисел. Токму затоа, од македонска страна се поднесени писмени забелешки за драфт-текстот и денес се очекува расправа по нив. Се очекува жестока расправа на подготвителниот состанок, бидејќи сите земји ќе делуваат за да ја заштитат својата национална безбедност. Претставниците на земјите-учеснички на овој мини-Самит ја посочуваат Грција како неодговорен субјект за да ги заштити надворешните граници и за отварање и постојано организирано полнење на мигранти и бегалци на балканскиот мигрантски коридор и дека всушност Грција го отвори Балканскиот мигрантски коридор. Обвинувањата кон Грците се дека секојдневно без најава со организиран поморски и копнен транспорт истовараат до 10.000 мигранти и бегалци на македонската граница, пишува МИА.

Иванов ќе ги запознае соговорниците со актуелните состојби

Претседателот Иванов, според најавите, ќе ги запознае соговорниците со актуелната состојба за бројот на бегалци и мигранти расте, дека на јужната граница Македонија се соочува со рекордни бројки, дека уделот на бегалците од Сирија и од Ирак опаѓа, а расте уделот на мигранти од Азија и од Африка.

Во тој контекст, Иванов ќе пренесе дека Македонија бара итна, дневна и непречена соработка со Грција на сите нивоа, пред се на полициските служби и разузнавањето, а со цел и двете земји полесно да се справуваат со ситуацијата. Тој ќе поара и пристап за Македонија и на земјите од регионот до датабазите на Европската унија, до Шенген-зоната и на Фронтекс.

Претседателот Иванов ќе се заблагодари на понудената помош, но ќе истакне дека досега Македонија целосно сама се соочува со кризата и користи сопствени средства (буџетски, човечки, технички итн), а дека ветената помош од Брисел, се уште не стигнува за Македонија, односно дека помошта која е ветена се уште патува и најверојатно е загубена на некоја точка долж мигрантскиот коридор.

Се очекува Иванов да пренесе дека сите мерки за затворање на коридорот, границите или повторна изградба на физички бариери би било срам за европската идеja и целосен пораз на европските вредности. Сепак, имаjќи ги предвид сите наjaви, како и се почудните ad-hoc инициjaтиви, мерки и соjузи, Иванов ќе пренесе дека Македониja e подготвена и има разработени сценариja за сите можни ситуации, но дека се надева дека до такво нешто нема да доjде и оти разумот ќе победи во Европа.

Иванов ќе се заблагодари и на германската канцеларка Ангела Меркел за тоа што го држи отворен коридорот, бидејќи неговото затварање може да доведе до сериозни последници во регионот, вклучително и во Македонија.

Како што е познато, македонскиот претседател ја покрена иницијативата за прогласување на кризна состојба, тој го потпиша и актот за ангажирање на војската од 19 август, со цел да и се олесни задачата на полицијата во справувањето со кризата и хуманитарната состојба. Исто така, Иванов бараше дефинирање на европски одговор кон кризата и бараше Македонија и земјите од т.н. балканска рута да бидат на масата кога ќе се усвојува европскиот план. Денеска можеби нема да се дојде до конечното решение, но Македонија е на масата, како рамноправен учесник заедно со земјите-членки на ЕУ и останатите земји од регионот.

Она што е најважно е дека Република Македонија за првпат е на иста рамноправна маса со другите држави од Европа и од Европската унија кои се соочени со заканата и ризиците кои произлегуваат од неа. Сепак, она на што се очекува да се констатира е дека европскиот одбранбен ѕид не е повеќен чуван и дека е потребен навремен и единствен одговор на Европа.