Новиот мебел за Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е пристигнат и се монтира во просториите. Идната недела ќе почне етапното префрлање на студентите од блокот А во комплетно реконстуираниот блок Б, по што ќе се почне со реконструкција на блокот А.
Целиот комплекс се очекува да добие нов лик до почетокот на 2017. Инвестиција е во вредност од околу шест милиони евра.
Владата најави и изградба на нов Студенстски дом, а во моментот сеуште се разгледуваат потенцијални локации.