Амбасадорите на Европската унија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија повикаа да се почитува и да се спроведе договорот од Пржино бидејќи, како што нагласија, тоа е најдобриот излез од политичката криза, пренесува МИА.
Предупредија дека ако тоа не се постигне, ќе има влијание врз оценката на Европската комисија за Македонија.
Од власта побараа да не ги одложува неопходните реформи за излез од кризата, а опозицијата да се воздржи од објавување на прислушуваните разговори.
– Доцна ноќта во петокот се сретнавме со премиерот Никола Груевски и му го изразивме нашето разочарување од неуспехот да се исполни крајниот рок на 20 октомври да се изврши замената на министрите, што на 15 јули беше договорено со договорот во Пржино. Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го спроведе договорот на конструктивен и итен начин и со добра намера. Веруваме дека спроведувањето на договорот од Пржино е