Бебе старо 20 дена се наоѓа на Педијатрија во штипската Клиничка болница, бидејќи неговите родители останале без дом, тврди таткото Дејан Велков. Причината зошто се решил на ваков чекор е агресивноста на мајката на неговата сопруга, која по вчерашната кратка, но жестока расправија брутално физички се пресметала со нив и ги избркала на улица, објави „Канал 5“.
– И сега нема каде да одиме. Нашето дете е хоспитализирано. Значи ден, два, три во болница, се додека мојата сопруга на закрепне, изјави загрижениот сопруг, Дејан Велков.
Последица од кавгата е хоспитализирање на 25 годишната Петка Златкова Велкова на хируршкото одделение во штипската Клиничка болница, откако паднала во бесознание по ударот во тилот од страна на нејзината нервозна мајка.
– Јас кога отидов во другата соба за да го оставам бебето