Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денес се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Руската Федерација во знак на почит кон загинатите во големата авионска несреќа кoja се случи на 31 октомври 2015 година во Арапската Република Египет
Вељаноски притоа изрази сочувство до семејствата и најблиските на настраданите во авионската несреќа.