Сончево време со мала локална облачност и со слаб променлив ветер не очекува во текот на денешниот ден. Според најавите од УХМР, наутро ќе има услови за појава на слаба магла понекаде во речните долини.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 16 до 22 степена.
Во Скопје слично време, сончево со слаб променлив ветер, а наутро со услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Продолжува период на стабилно, суво и претежно сончево време со услови за слаба магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат.
Од четврток попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот со зголемување на облачноста и умерен северен ветер.