
На шест различни локации во Брисел белгиската полиција покрена рации со цел да се пронајдат контакти и врски на Билал Хадфи кој минатата недела изврши самоубиствен напад во Париз, соопшти официјален претставник од кабинетот на белгиското федерално обвинителство.
Тој навел дека рациите се во Моленбек и други области во Брисел.
Билал Хадфи е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз.
Белгискиот премиер Шарл Мишел најави нов пакет антитерористички мерки. Мишел рече дека 400 милиони евра ќе бидат издвоени да се прошири борбата против тероризмот.
Мистерија: Дали организаторот на нападот е убиен или е во бегство
Француското министерство за внатрешни работи и париското обвинителство сеуште не се сигурни дали Белгиецот осомничен за организирање на нападите во Париз е убиен или е во бегство. Од обвинителствоо денеска изјавиле дека властите се обидуваат да утврдат дали 27-годишниот белгиски џихадист Абделхамит Абаут е меѓу убиените во операцијата која плицијата ја спроведе вчера во едно предградие на Париз.