Граѓаните на Р. Македонија со свои идеи од денеска започнаа да ја пишуваат новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, ова не е прв пат оваа партија да бара идеи од граѓаните, кои подоцна ги преточува во реални проекти со кои им се олеснува животот на граѓаните.
Легализацијата на дивоградбите, намалувањето на акцизите со кои што се овозможи граѓаните да купуваат поволни возила, мерката за отпис на долговите се дел од идеите на граѓаните кои беа вметнати во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и претворени во реални мерки од кои бенефит имаа илјадници граѓани.
Пункт за прибирање на идеи денеска беше поставен во Скопје, при што граѓаните покрај тоа што имаа можност да ја дадат својата идеја имаа можност и за директна средба со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Ставрески слушна идеи и разговараше со дел од граѓаните при што посочи дека сите идеи се добредојдени, а оние идеи кои се добри и остварливи ќе бидат вметнати во програмата на која се работи со голема сериозност.
За новите избори за периодот 2016-2020 година да биде програма во која ќе се содржат што е можно поголем број на проекти, мерки, идеи на граѓаните на Р. Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ така и досега работеше. Програмите што ги сработувавме освен што во нив учествуваа експерти и лица кои што работат на таа материја секогаш беа отворени за граѓаните. За нас е битно младите и пензионерите, земјоделците, спортистите, уметниците и сите граѓани на Р. Македонија од сите вери, пол и старост да можат рамноправно да учествуваат, да добијат простор во програмата, да се реши нивниот проблем или проблемот на луѓето кои тие ги претставуваат за да направиме нешто за секој граѓанин на Р. Македонија, истакна Ставрески.
Тој посочи дека програмата е намената за граѓаните бидејќи извира од нив и најави дека идеи ќе се црпат од сите граѓани на Р. Македонија.
Ова што денеска го почнуваме од тука ќе го продолжиме во сите градови на Р. Македонија , ќе имаме средби со граѓаните и верувам дека од нив ќе добиеме многу добри идеи како и досега тоа се правеше. Очекувам овој процес да се одвива во следните неколку недели ширум Р. Македонија на еден отворен начин и секој граѓанин ќе почувствува дека неговата идеја е добредојдена и сите добри и остварливи идеи и како и секогаш сериозно ќе пристапиме кон изработката на новата програма во кој што ќе бидат вградени голем број на идеи на граѓаните на Р. Македонија, рече Ставрески.
Студент од општина Аеродром денеска како идеја за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предложи изградба на голема, современа читална во оваа општина која ќе работи и во вечерните часови и ќе им биде достапна на студентите во секое време за да не мора да одат дури до Центар и Карпош.
Вицепремиерот Ставрески ја слушна идејата од студентот и бидејќи станува збор за голема општина рече дека оваа идеја е остварлива и добра, која ќе биде разгледана и ќе се направат напори за да се реализира. Современа читална според него ќе биде добредојдена за сите млади луѓе и студенти.