Изгледа дека тоа, кое досега го знаеме за калифатот на т.н. „Исламска држава“, може и да не е вистина.
Постојат многу работи кои го укажуваат тоа, како во поглед на информациите, така и од гледна точка на праксата и реалната ситуација на терен, пишува полска „Политика “, пренесува Нетпрес.
Мит 1: „Исламска држава“ е збир на лудаци
Џихадистите од „Исламска држава“ не се луди. Нивната стратегија е добро осмислена и усогласена. Само за неколку години тие успеjаа да постигнат повеќе од „Ал Каеда“ – создадоа свој сопствен основан шеријат, калифат во делови од Сирија и од Ирак. Како и да го оценуваме и разгледуваме тоа дело на територии контролирани од нив, сепак функционира, бидејќи има електрична енергија, функционално здравство, се собираат даноци и се спроведува настава во училиште, која се разбира соодветствува со Коранот.
Тоа што може да изгледа како бесмислено и произволно насилство – како атентатите во Париз, каде терористите убиваа случајни минувачи, реално е едно и исто дејствие, ладнокрвно насочено кон една цел – сеење на страв во светот, зајакнување на сопствениот „бренд“ и пренасочување на вниманието од неуспесите на „Исламска држава“.
Состојбата на страв е основа на нивната идеологија. Тоа е сигнал кој вели:
„Ние не се шегуваме“.
Стравот и’ помага на „Исламска држава“ да го држи под контрола населението во нејзината територија – најчесто со смртни казни за различни видови престапи, вклучително и хомосексуалноста.
Мит 2: „Исламска држава“ лесно наоѓа следбеници, оти им се допаѓа радикалната форма на исламот, која групата го практикува
Иако, според истражувањата направени во земји со мнозиснко муслиманско население, значителен дел од сунитите во Сирија и во Ирак ја поддржуваат „Исламска држава“, видувањето на исламот, препорачано од „Исламска држава“ или од „Ал Каеда“, нема голема поддршка во светот.
Визијата за животот на муслиманите, која ја предлага „Исламска држава“, е непозната за вистинската исламска традиција. Фундаменталниот ислам, како и други форми на религиозен фундаментализам се нова појава.
Мит 3: „Исламска држава“ е дел од „Ал Каеда“
И покрај тоа што корените на „Исламска држава“ носат до „Ал Каеда“, во 2014 година се случува раздвојување. Имаше целосно прекинување на врските меѓу двете организации. Јаболко на раздорот беше желбата на „Ал Каеда“ да преземе контрола врз операциите во Сирија, нешто што воопшто не и’ се допадна на „Исламска држава“.
Денеска двете организации си конкурираат меѓусебно, вклучитално и за тоа која од нив е побрутална. Не е изненадувачки и тоа што најголемиот непријател на „Исламска држава“, „Џабат ан-Нусра“ е тесно поврзан со „Ал Каеда“ и се водат жестоки борби меѓу нив.
Мит 4: „Исламска држава“ е сириска вооружена група
„Исламска држава“ нема никаква националност, туку е мултионационална организација. Движечка сила на групата се поранешни осуденици од ирачките затвори и офицери од армијата на Садам Хусеин. Групата одлично ја користи граѓанската војна во Сирија и извлекува голема придобивка, но таа војна не е почната поради неа. Нејзините корени датираат неколку години претходно. Сириската револуција единствено и’ послужи на „Исламска држава“ како отскочна штица и и’ помогна на организацијата да ги рашири своите крилја.
Мит 5: „Исламска држава“ е непријател на Асад
До одреден степен, да, но пред се’ за него организацијата е и много неопходна – му дозволува да го дефинира непријателот како „терористи“.
Асад, исто така, ја користи „Исламска држава“ внатрешно, – преку стравот од неа, тој доби лојалност од јавноста, која во претседателот на Сирија гледа единствена можност за опоравување на земјата. Многупати се случува операциите, изведувани од армијата на Асад, де факто да се за поддршка на „Исламска држава“.